Обилни врнежи во Македонија: Во Скопје падна дрво, неколку села низ земјава без струја

by Fokus

Кумановските села Орашец, Шупли Камен и Добрашане, како и селата Дрење, Киселица, Голема и Мала Црцорија, Трново, Слатино, Крстов дол и Подржи коњ во општина Крива Паланка поради обилните врнежи моментно се без електрична енергија, соопшти ЦУК.

Повикувајќи се на своите регионални канцеларии, ЦУК информира и дека екипи на „Македонија пат“ го расчистувале патниот правец А2 од местото викано Четал кон Кратово и општина Пробиштип каде имало поситни одрони, но сообраќајот се одвивал редовно со претпазливост и внимателно возење.

На територијата на Град Скопје, како резултат на интензивните врнежи паднато е суво дрво на булеварот „Свети Климент Охридски“, но не е причинета материјална штета. Известено е ЈП „Паркови и зеленило“ за преземање мерки кои се во негова надлежност.

Поврзани новости