Обилни дождови попладне ќе ја зафатат Македонија

by Фокус

Нов бран со обилни врнежи од дожд според најавите од метеоролозите ќе ја зафати територијата на Македонија од денеска попладне, а поинтензивни ќе бидат од утре попладне до недела попладне. Синоптичарите најавуваат и повремено силен јужен ветер со брзина од над 80 километри на час, а предупредуваат дека во западните и јужните делови на Македонија количината на врнежи ќе достигне од 40 до 60 литри на квадратен метар, а на планините ќе паѓа снег што ќе придонесе да се зголеми снежната покривка.

Се очекува водостојот на реките да се зголеми со топење на снеговите,  поради што е можно и излевање.

Координативното тело препорачува градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и МВР. Градоначалниците, пак, кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Координативното тело апелираат до градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови, континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

Поврзани новости