Обилната менструација – можен несакан ефект на вакцината против Ковид

by fokus

Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача обилно менструално крварење да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19 произведена од Модерна, како и од партнерите Фајзер и БиоНТек.

Извештаи за обилни менструации – крварење кое се карактеризира со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот – се забележани во клиничките испитувања, од случаите во реалниот свет и во медицинската литература, соопшти ЕМА.

Случаите – кои беа главно не се сериозни и се привремени по природа – беа пријавени по првата, втората и засилената доза на вакцините, се додава во соопштенито.

Регулаторот сега заклучи дека постои барем „разумна можност“ обилно менструално крварење да е причински поврзано со овие вакцини.

Менструалните нарушувања може да се појават поради повеќе причини, вклучувајќи хронични болести, стрес и замор. Здравствените власти нагласија дека се евидентирани вакви случаи и по заболување од Ковид-19.

Поврзани новости