667
Домот на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски синоќа бил обиен од провалници. Од Министерството за внатрешни работи велат дека случајот е пријавен во полициска станица.
„Пријавено е дека во стан на бул. 11 Октомври во Скопје непознат сторител насилно ја отворил влезната врата и влегол внатре, но до сега нема пријавено дека нешто е одземено“, велат од МВР.