Обид за убиство во Виница: Маж со убодни рани во стомакот завршил во болница

by irena 13:44
13:44

Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Виница, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Д.С. од Виница.

Според пријавеното, пред угостителски објект на бул.„Маршал Тито“ во Виница, Н.К. од Виница со остар предмет му нанел убодни рани во стомакот на Д.С.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Слични вести