Обид за шпионажа на израелски министер

by Фокус

Агенција за безбедност на Израел, позната како „Шин Бет“, спречи обид за шпионажа против министерот за одбрана Бени Ганц.

Осомничениот е чистач кој работел во куќата на Ганц и кој се обидел да продаде тајни информации на хакерска група која наводно е поврзана со Иран, објави израелскиот обвинител.

„Шин Бет“ истрагата ја водел со знаење на министерот, а против Горен Гороховски (37) е покрената кривична постапка.

Според обвинителството, тој контактирал со хакерската група „Црна сенка“, нудејќи им доверлив материјал и пристап до компјутерот на министерот.

Обвинителот рече неговиот обид за шпионирање бил спречен пред да успее да и предаде нешто на таа хакерска група.

Поврзани новости