675
Група на грчки хакери кои себе си се претставуват како „Моќната грчка армија“ тврдат дека го хакирале македонското Министерство за образование и наука.
Од министерството досега нема никакви податоци за овој хакерски напад, а не се знае ни дали нападот се уште е во тек.
Според Твитер профилот „Моќна грчка армија“ хакерскиот напад бил пренесуван во живо од страна на грчките хакери.
Од Министерството за образование и наука за ТВ21 потврдиле дека имало обиди за хакерски напад, но појаснуваат дека објавените снимки се лажни.