Oбезбедување од ноќниот клуб го застрелал убиениот хрватски криминалец

by Fokus

Осомничениот за убиство на хрватскиот криминалец, Томислав Сабљо, треба денеска да биде испрашуван од државното обвинителство. Осомничен за убиството е вработен во обезбедувањето на клубот каде Сабљо беше убиен. Тој до сега се бранеше со молчење.

41-годишниот Сабљо беше убиен во петокот вечерта, по физичка пресметка меѓу повеќе луѓе во загребачкиот ноќен клуб Риц. Во него биле испукани повеќе истрели. Од хрватската полиција велат дека се уште се непознати мотивите за убиството.

Убиениот бил обвинет во акцијата Тебра, како еден од водачите на криминална организација која шверцувала дрога, палела автомобили итн.

Сабљо и 19 други лица кои се поврзани со синџирот на шверц на дрога од Албанија и Црна Гора, преку Босна и Херцеговина до Хрватска, беа уапсени во јули 2019 година во голема полициска акција.

Поврзани новости