482
Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција по состанокот „Можности за инвестирање во обновливите извори на енергија во Западен Балкан“ изјави дека во средата се потрошени 11 милиони кубни метри гас и 2,6 милиони кубни метри гас од резервите лоцирани во Унгарија, пренесе Н1.
„Успеавме да обезбедиме луѓето да имаат и струја и гас, да се шетаат по дома со гаќи и маици, никој да не носи џемпер, бидејќи температурите се 22 и 23 степени или 25 степени“, рече Вучиќ.