Обезбедени се снимки за убиството во Чаир

by fokus

Од Обвинителството информираат дека се обезбедени снимки од вчершното убиство во Чаир, по што ќе се открие идентитетот на сторителите.

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Чаир, каде во инцидент со огнено оружје едно лице беше лишено од живот, а двајца беа повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти.

Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe, информираат од Обвинителството.

Инцидентот се случи ноќеска, кога беше убиен Јонуз Идризи, а уште две лица беа повредени.

Со детали излегоа и од МВР.

-На 25.04.2022 околу 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Браќа Реџепагиќ“ две лица пукале со автоматско оружје, велат од МВЕ.

Оттаму додаваат дека од пукањето со тешки повреди се здобил Ј.И.(47) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 22.20 часот починал.

-Исто така, со повреди се здобиле М.А.(43) и Л.Ш.(42) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди-исекотини на раката бил донесен А.И.(30) од Скопје. Увид на местото извршиле полициски екипи и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани новости