Обезбедени се 55 респираторни машини за Македонија, се чека само транспорт

by Fokus

Вкупно 55 респираторни машини се обезбедени за потребите на здравството во Македонија за справување со ситуацијата на корона вирусот.

Ова денеска го истакна вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Како што рече тој, 25 респиратори се обезбедени од Норвешка, кои моментално се во депо во Турција и се уште се наоѓа решение за транспорт во нашата земја.

Исто така, Османи додаде дека обезбедени се дополнителни 30 респиратори од Кина, кои исто така чекаат на транспорт, со оглед дека преносот во овие моменти оди отежнато поради пандемијата.

 

 

Поврзани новости