Обелоденета е проруската стратегија на опозициските протести, реагираше ДУИ

by Фокус

Димитар Апасиев, како коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Алијанса и Беса во коалицијата „61“, денеска ја обелодени проруската стратегија за заедничките протести како опозиција, за спречување на членството на Македонија во Европска унија, реагираше ДУИ.

„Опозицијата треба да се изјасни кои се новите алтернативи што им се нудат на граѓаните. Дали ги споделуваат своите ставови со коалициониот партнер Левица за евроазиското партнерство?“, прашаа од партијата на Али Ахмети.

Од таму ги повикуваат сите политички чинители во земјата да се оградат од овие скандалозни ставови и насилни антиевропски протести поттикнати од проруски елементи во земјата.

„Прогресивните сили ќе го финализираат најголемиот проект на Македонија, интеграција во Европската Унија, како единствена алтернатива за земјата“, порачаа од таму.

Поврзани новости