Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон пред министрите за надворешни работи во Скопје порача дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ги поддржува Украина и ОБСЕ.
– Секретарот за надворешни работи, на состанокот на министрите за надворешни работи во Скопје, пред Министерскиот совет на ОБСЕ, рече дека Обединетото Кралство ќе стои со Украина онолку долго колку што е потребно и ќе продолжи да дава морална, дипломатска, економска и воена поддршка, информираат од британската делегација во ОБСЕ.
Спроед Камерон Русија е одговорна за конфликтот и нејзините постапки се неодбранливи. Тој рекол дека Русија ги прегазила сите десет начела на Хелсиншкиот завршен акт, врз кој почиваат односите меѓу државите.
Британскиот шеф на дипломатијата ги повика сите присутни министри за надворешни работи да ја поддржат организацијата и да ја обезбедат нејзината иднина, поздравувајќи го преземањето на функцијата претседавач од Малта во 2024 година, посочуваат од британската делегација во ОБСЕ.
Камерон вчера присуствуваше на неформалната вечера на министрите за надворешни работи во Скопје, додека на Минстерскиот самит на ОБСЕ денеска учествува британскиот министер за вооружени сили Џејмс Хипи.