Од партијата Обединети за Македонија информираат дека претседателот на партијата Љубе Бошкоски утре нема да присуствува на јавната седница за случајот „Ровер“, што треба да се одржи во Апелација.
-Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, нема да присуствува на утрешната јавна седница на “Aпелацониот суд” по конструираното, не легитимно и безправно обвинение, за т.н. случај “Ровер”. ОМ сметаат дека без разлика што е сменет налогодавачот на овие монтирани процеси, Саша Мијалков, дека и денес судиите не се во можност да одлучуваат надвор од неговите наредби и наредбите на “Малиот тиранин”. ОМ и целата македонска јавност беа сведоци како е монтиран процесот “Кампања” и како без никаков човечки морал и совест, практично се применуваат најфашизоидните методи за политичка елиминација на неистомисленик. Тоа е оној монструозен и во целост фингиран судски чин на егзекуторите, во кој со ништо не е докажана евентуална одговорност, со што категорично го оквалификуваме како процес за непостоечко дело, се наведува во соопштението на партијата.
Од Обединети за Македонија додаваат и дека јавноста овие денови повторно ќе биде шокирана од, како што велат, безкрупулозноста на режимот, бидејќи истите ликови наредувале да му се спакува ново дело на Бошкоски, со зборовите: “Да се измисли нешто, за тој да не излезе од затвор”.
-Нашиот лидер не очекува независна и непристрасна одлука и затоа нема намера да му дава легитимитет на високо политизираното судство и обвинителство, предводено од онаа трагикомична фигура, режимски извршител Марко Зврлески и бисерно окитената дама, Лидија Неделковска. Со доказите со кои располагаме околу злоупотебите направени од полициско, судско-облинителската фела, оваа апсолутистичка власт, изврши тешки кривични дела за кои кривичниот закон дефинира долгогодишни казни затвор. ОМ на крајот му порачуваат на режимот во заминување: Глумете власт, независно судство, правна држава…!, се вели во партиското соопштение.