Народниот правобранител најави дека ќе ја посети Весна Николиќ, осудена во случајот „Фиком” која веќе пет дена штрајкува со глад во затворот Идризово.
Николиќ се жали дека иако ги исполнува сите законски услови да добие предвремен отпуст од затворот, каде што помина веќе 10 години и 2 месеци, или пак помилување, се уште се држи зад решетки.
Николиќ освен храна, одбива и лекарска помош и посета. Вели дека од затворот не и дозволуваат да работи како порано и дека состојбата и е многу тешка бидејќи боледува од рак. Во изминативе три години имала три операции поради рак на града, а последната и била извршена неодамна.
Инаку, Николиќ за аферата за продажба на станови „Фиком“, беше осудена на 10 години затвор, но подоцна доби уште две години за наводно затајување на данок.