222
Во Јавното обвинителство пристигнаа наодите од обдукцијата на телата на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Сега со нив, ќе треба да се дојде до одговорите како биле грабнати и убиени малолетната Вања и 74-годишниот Панче.
14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца признаа вина. Сите се наоѓаат во притворр.
Првоосомничен е Љупчо Палевски Палчо, кој чека екстрадиција од Турција.