Обдукцијата не ги потврди сомнежите дека инфузиите ја убија малата Јана, адвокатот Митровски бара проверка на болничкиот компјутер

by Fokus

Сомневањата дека инфузиите ја убија малата Јана Христовска не се потврдија со обдукцијата, изјави за „Макфакс“ адвокатот Јанаки Митровски кој како полномошник ја добил и направил увид во документацијата.

Тој вели дека согласно извештајот на судска медицина, причинско последична врска е пневмонија кај девојчето кое го воспалило срцевиот мускул и тоа предизвикало срцев удар кај девојчето.

„Мое тврдење дека е пневмонијата е од наводно прележан ковид во јануари за што немаат конфирмација односно позитивен тест , затоа што има позитивен тест од август 2022 година, додека тие одат на претпоставка дека имала симптоми на ковид, а сите знаеме дека симптомите на ковид се слични на многу состојби“ – додава Митровски.

Според него, тужба може да се покрене за надомест на штета, но тоа во овој момент не е во приоритет на семејството.

Митровски, како претставник на родителите, предложил да се вештачи и комјутерот во болницата за да се утврди дали се менувале податоци.

Родителите во сите досегашни изјави во медиумите се изјаснија дека се убедени оти за нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза, која ѝ била дадена и покрај тоа што крвната слика покажала зголемено ниво на шеќер и дека се работи за лекарска грешка.

Петгодишната Јана почина во битолската болница во март годинава.

Поврзани новости