93
МВР информира дека вчера во 14.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош во Скопје во својот дом била пронајдена почината Д.М.(91) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.