Поранашниот претседател на САД, Барак Обама го повика неговиот наследник на средба во Белата куќа за да му ја предаде функцијата. Обама во своето постизборно обраќање пред нацијата, му честиташе на Трамп и уште еднаш изрази посебна поддршка за Хилари Клинтон.
-Знам дека сите имавте долга ноќ. Вчера зборев со избраниот претседател и го поканив утре да дојде во Белата куќа и да размениме мирно предавање на функцијата. Му дадов инструкции на мојот тим за мирно предавање на власта кое е основа на нашата демократија. Зборев и со Клинтон и многу сум горд на неа. Таа беше одлична Прва дама и одличен Државен секретар. Америка е горда на неа и нејзината кандидатура е историска. Верувам дека таа и претседателот Трамп ќе имаат добра соработка. Мора сите да сфатиме дека сме во ист тим, прво сме патриоти и Американци, а после републиканци и демократи. Тоа и треба на земјата, чуство на братство, почит кон институциите, правилата на законот и взаемна почит. Се надевам дека ова ќе биде и основа на претседателството на Трамп– порача Обама.