Поранешниот американски претседател Барак Обама му изрази поддршка на актуелниот претседател Џозеф Бајден по неговата одлука да се повлече од изборната трка, опишувајќи го како „патриот од највисок ранг“.
„Џо Бајден беше еден од најконзистентните претседатели, како и мој драг пријател и партнер. Денеска повторно не потсети дека е патриот од највисок ранг“, напиша Обама на социјалната мрежа Х. Тој додаде дека знае оти Џо Бајден никогаш не отстапил од борбата.
„Фактот што ја погледна политичката сцена и одлучи дека треба да му го предаде факелот на друг кандидат мора да беше една од најтешките одлуки во неговиот живот“, додаде Обама. Поранешниот претседател изјави и дека знае оти Бајден немаше да донесе таква одлука доколку не веруваше дека тоа е вистинската работа за Америка.
„Тоа е историски пример на вистински слуга на народот кој уште еднаш го стави интересот на американскиот народ пред својот, и пример што треба да го следат идните генерации лидери“, рече Обама.
Тој додаде дека има целосна увереност дека лидерите на демократите на претстојната конвенција ќе создадат процес кој ќе произведе извонреден кандидат.