606
Доналд Трамп и сопругата Меланија беа примени во Белата куќа од досегашниот претседател на САД, Барак Обама и првата дама Мишел.
Тоа е последна средба на Трамп со Обама пред да даде заклетва како 45. американски претседател.
Трамп од Белата куќа ќе се упати кон Капитол хил, ќе положи заклетва и ќе одржи говор.
Претходно новоизбраниот американски претседател Трамп заедно со сопругата Меланија беше во епископалната црква „Свети Јован“, со што практично почна свеченоста за негова претседателска инаугурација.
Трамп во црквата присуствува на литургија заедно со своето семејство, потпретседателот на САД Мајк Пенс и неговото семејство, членови на кабинетот и негови пријатели, јави Си-Ен-Ен.