ОАЕ нудат да бидат домаќини на разговорите за ставање крај на војната во Украина

by Fokus

Обединетите Арапски Емирати ги информираа Соединетите Држави дека сакаат да бидат домаќини на разговори за ставање крај на војната во Украина, кои на крајот би можеле да опфатат мировен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денеска Ројтерс, цитирајќи пет извори запознаени со ова прашање.

Извори на британската агенција наведуваат дека ОАЕ „сесрдно се обврзале да играат клучна улога во обидот да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина“.

Според тројца од изворите, од САД и ОАЕ, претставници на ОАЕ му предложиле на Вашингтон земјата да биде домаќин на „мировен самит“, а двајца од нив рекле дека таков самит на крајот би можел да вклучи и средба меѓу Путин и Зеленски.

Поврзани новости