Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид организираше голема еколошка акција за чистење на Охридското Езеро.
Од дното на езерото се извади огромна количина на разновиден цврст отпад како што се пластични шишиња, лименки, пластики, конзерви.
Акцијата насловена „ОХРИД ЕКО 2023“ беше изведена на две локации – кај Изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на пристаништето во таа населба на источното крајбрежје на езерото.
„Во акцијата учествуваа 28 нуркачи од Нуркачкиот Центар Амфора, Спелеонуркачки клуб Врело од Скопје како и припадници на нуркачкиот тим на БСС на АРМ кои се вклучуваат во сите поголеми еколошки акции и активности што ги организира Нуркачкиот Центар Амфора“, се вели во соопшението.
Тие потенцираа дека најголемата количина на цврст отпад доаѓа преку реките кои се влеваат во езерото и носат огромни количини на отпад.