Нури Сахин повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд

by Fokus

Нури Сахин од денеска повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд, соопштија од германскиот тим.

Популарните „милионери“ вчера беа поразени од Болоња со 2:1. Тоа беше доволно за да се прекине соработката.

– За жал, не успеавме да ги реализираме целите и амбициите на Борусија Дортмунд во досегашниот тек на сезоната. На тимот му посакувам се најдобро, изјави Сахин.

Следниот натпревар на Борусија е против Вердер Бремен во сабота, а подоцна ќе биде објавено кој ќе биде тренер на тимот на тој натпревар.

Како замена за Сахин се споменуваше Ерик тен Хаг.

Поврзани новости