Нуредини: Сите сме одговорни за воздухот!

by Fokus

Општините се должни да ги спроведуваат мерките за заштита на квалитетот на воздухот, а не Министерството за животна средина, но истовремено, сите како поединци сме одговорни за воздухот со изборот на тоа со какво гориво ќе ги грееме домовите и јавните објекти, какви возила ќе возиме.

Ова денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на прес-конференцијата на која го презентираше буџетот за 2023 година.

Како што истакна тој, проблемот со загадувањето е историски а досегашните инвестиции во животната средина со децении наназад биле ниски, а за заштитата на околината треба многу пари.

Поврзани новости