Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со издавањето на А-интегрирана дозвола за депонијата „Дрисла“ без да биде извршен увид, рече дека сè уште го немаат добиено извештајот од Финансиска полиција, но дека ќе вршат внатрешна ревизија за постапката и ќе постапуваат согласно законите.
– Се уште не сме го добиле извештајот од Финансиска полиција, јас го побарав извештајот. Ние ќе седнеме да го разгледаме извештајот, но нормално дека сами ќе почнеме со интерна ревизија за оваа постапка. Јас не би сакал да кажам име и презиме се додека немаме целосна информација. Ние ќе ги почитуваме сите закони и целата процедура ќе биде спроведена како што е потребно. Доколку некој згрешил намерно, ќе има санкции, нагласи Нуредини