697
Министерот за животна средина Насер Нуредини повторно ги одбегна новинарите, игнорирајќи го нивниот интерес за состјбата со аерозагадувањето во земјава, која зазема алармантни размери.
Откако Нуредини на презентацијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина се обрати на англиски јазик, ги избегна новинарите со образложение дека нема време.
Инаку, ова е продолжение на практиката на министерот заедно со неговата портпаролка да ги ескивираат новинарите, бидејќи, како што образложија, за да излезат во јавност потребно е претходно консултирање за да се подготват за темата за која ќе дискутираат со новинарите.