Нуредини: Ниту една градба нема да биде легализирана во првата и втората заштитена зона

by Fokus

Уште во 2019г. кога овој закон беше во владин процес, ние како министерство побаравме во однос на легализацијата на дивоградбите во заштитените подрачја и особено целиот регион на Охрид, прво да се добие одобрение од министерството за животна средина пред да се легализира, што не значи дека сите или повеќето градби кои се во заштитените подрачја ќе се легализираат, изјави за министерот за животна средина Насер Нуредини во гостувањето во Утрински брифинг.

-Сега тоа што ние го кажуваме е дека има три различни зони во заштитените подрачја, едната е строго заштитената зона, a втората е активен менаџмент што значи дека ниту една градба нема да биде легализирана во тие две зони. Третата е одржливата зона што значи дека има селани кои се во заштитеното подрачје, луѓето таму живеат, сега молбата од нас секогаш била, секако ако станува збор за фамилија каде примарна резиденција е тој дом а воедно станува збор за дивоградба која не го поминала процесот на градење по план, мора да се биде и полн со разбирање истотака бидејќи ова се економски и социјално предизвикани поединци од нашето општество, меѓутоа кога зборуваме за економски активности и економски градби или секундарни домови или викендици како што би кажале, овие се луксузни домови кои можеби не се изградени согласно законот. Ние не кажавме дека ќе ги легализираме и кога законот се врати во влада дискутиравме и повторно го изразивме мислењето како министерство, дека ако се овие втори, трети домови или како што би кажале викендици, ако тие добијат дозвола за легализација би требало да плаќаат многу повеќе од нормалната цена, меѓутоа оние кои се со социјални и економски потешкотии ја разбираат идеата зад владата и разбирливо е да им дадеме можност да си го легализираат домот. Тоа што јас го научив во последните речиси две години од кога сум тука е дека мнозинството на општините за жал имаат проблем со урбаното планирање, ова е нешто што мора да го погледнеме, вели Нуредини.

Тој нагласи дека има три различни зони, односно и стриктно заштитена зона, која има високa вредност по разновидност што мора да се заштити или втората зона која е активен менаџмент, и не постои приватна индивидуа која гради домови во тие зони.

-Ако таму има градба, вообичаено е викендица како што кажав или за економски потреби без дозвола за градење, тие не треба да се таму, тоа е тоа. Мораме да си ја заштитиме животната средина во исто време но секако ги немаме фигурите, ги побаравме но самите општини не можат да ни ги дадат точните фигури и јас мислам дека луѓето кои како што кажавме се со економски потешкотии или социјални потешкотии, ранливите тие најчесто ги градат домовите околу селата, не одат блиску до националните паркови, не ги градат домовите до реките, затоа ако има такви случаи тоа најчесто значи дека не се примарната резиденција, дециден е Нуредини.

Тој нагласува дека ако е заштитено подрачје и е незаконска градба, која била изградена илегално и е илегална и ќе продолжи да биде илегална.

-Има причина зошто имаме заштитни подрачја. Се надеваме дека ќе помине законот за националниот парк Шар Планина и конечно да кажеме ова подрачје треба да биде заштитено и ние ќе мора да ги видиме сите индивидуални случаи и да дознаеме дали се примарни резиденции или секундарни или економски активности. Ако ние сакаме да се движиме напред како држава, ако сакаме да станеме дел од прекрасната ЕУ фамилија, сите ќе треба да почнеме да ги почитуваме правилата и законите на нашата држава и да се придржуваме до нив. Одредени луѓе, одредени индивидуи или економски активности мораат да ги почитуваат и евентуално, можеби некои ќе мораат да бидат уништени, некои градби кои се, ако се во заштитени области, вели Нуредини.

Министерот посочува дека обврската не е само на министерството за животна средина туку и на градоначалникот и другите ресорни министри и соодветните инспекторати за да се заштити Охрид од дивите градби.

-Не можам да кажам за другите градоначалници, сигурен сум дека се обидуваат да направат тоа што е потребно, прилично сум сигурен во тоа, но ние како институција го одобривме планот за менаџирање на езерото Охрид, заедно со министерството за култура, мораме да работиме заедно со министертсво за транспорт кое го одобрува планот и кое всушност е задолжено за осигурување дека нема градби кои се градат на заштитените области. Сега ние како институција сме координатор помеѓу овие работи, ние работиме заедно, ние всушност предлагаме менаџерски планови, предлагаме закони заедно со другите институции кои се одговорни за градбите, во овој случај министерството за транспорт, ние мора да ги информираме кои подрачја се заштитени и каде не треба да има градби. Па ова е причината за што кажав дека сите мора да почнеме да ги почитуваме законите и да ги аплицираме, затоа имаме инспекторати, можеби градежниот, можеби инспекторатот за животна средина, можеби на маркет итн. тие мора да бидат таму да бидат осигурани дека не се градат дивоградби и ако се дивоградби треба да бидат пријавени, во исто време како што кажав ова е интерсекторска соработка, потребно е локално меко владеење да работи со централната влада. Централната влада ги предложува правилата и прописите, суштински локалната влада треба да ги слушаат и да работат на нив, вели министерот Нуредини.

 

Поврзани новости