599
Tрииесет и пет пати поголемо загадување на воздухот имало синоќа во Куманово. Алармно црвено покажале мерните станици заради измерено аерозагадување со над 1800 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух .
На социјалните мрежи кумановци се жалеа на непријатна миризба во градот и бараа надлежните да преземат мерки.Воздухот биол загаден најмногу околу 18 часот синоќа а денеска нема показатели на загадување. До сега Инспекторатот нема никаков податок што е причина за енормното загадување .
Министерот за животна средина Насер Нуредини не знае од што бил загаден воздухот во Куманово.
Тој на новинарите им одговори дека министерството ги мапирало загадувачите во државата, ама очигледно не дознал кој од таа мапа загадува во Куманово.