Нуредини најави план за управување со Матка: Да се најде решение и за дивоградбите

by Фокус

Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и Општина Сарај по две ипол години се усогласија за управувањето со Матка.

На 17-ти октомври ќе се расправа за Нацрт-законот за Матка, што ќе биде прогласен за заштитена зона и ќе биде направен план за негово управување.

-За жал, траеше подолго од тоа што сакавме, но сега имаме позитивно мислење и од Град Скопје и од Сарај. Ќе има план за управување со Матка. Ќе имаме јавна расправа во која зона што ќе биде можно, исто така како што имаме во Националните паркови – појасни министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој упати барање до надлежните институции да најдат решение за дивите градби на Матка.

Поврзани новости