Во владина процедура се предлог – измените на законите за квалитет на амбиенталниот воздух и за животна средина, а експертска работна група подготвува нацрт-закон за индустриски емисии, со што се врши примена на обласната директива на ЕУ за индустриски емисии.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ги преставија преземените и планираните активности во овој ресор за годината шти изминува и за наредната.
Со предлог-измените на Законот за квалитет на амбиенталниот воздух се воведуваат краткорочни и среденорочни мерки кои градоначалниците, односно Владата, можат да ги преземат заради спроведување на плановите за квалитет на воздух на ниво на зона/агломерација, со цел справување со високите концентрации на ПМ10 честичките. Се пропишуваат и дополнителни надлежности за надзор на органи на државната управа со цел подобра контрола над спроведувањето на предметните планови и мерки.
– Со предлог – измените на Законот за животна средина се однесуваат на воведување на статусот на контаминирани подрачја, односно методологијата за нивно прогласување и обврската за изготвување на План за животната средина. Покрај тоа, се врши и реуредување во делот на надоместоците за животна средина, како за увоз на употребувани добра, така и за моторни возила, а со цел стимулацијата на употребата на поеколошки средства за транспорт, информира денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на предновогодишната средба со новинарите.
Министерството за животна средина и просторно планирање во рамки на своите надлежности реализираше повеќе активности, меѓу кои мапирање на сите капацитети кои се наоѓаат во близина на мерните станици од Државниот мониторинг систем, замена на неисправните мерни станици во пет нови. Исто така, започнати се и активности за акредитација на лабораторијата на МЖСПП и се очекува процесот да заврши во првата половина на наредната година.
Нуредини истакна дека мобилизирани се ресорните министерства и инспекциските служби за брза заедничка акција против загадувањето и најави засилени инспекциски контроли на можни извори на загадување.
Во врска со прашањето со аерозагадувањето, Нуредини информира дека се инсталирани мерни инструменти за мерење на ПМ10 честичките за квалитет на амбиенталниот воздух во Лисиче, Гостивар, Кичево, Велес 2 и Кавадарци.
Министерот Нуредини посочи дека до 2020 година опасните отровни хемикалии од индустриските капацитети од нашата држава ќе бидат извезени во Швајцарија.