Нуредини: Ако има пропуст, ќе има санкции во „Усје“

by Fokus

Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање за кривична пријава против цементарницата „Усје“ за загадување на Скопје. Од „Усје“ ги демантираа овие обвинувања.

– Имале заедничка соработка Државен инспекторат за животна средина и локален инспекторат на Град Скопје. Имало направено вонредна инспекција на „Усје“, на барање од институции од државата и на Град Скопје. Резултатите ги имаме, сега ние го разгледуваме извшетајот и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма. Целосно, транспарентно ќе го презентираме, кога извештајот ќе биде разгледан и комисијата ќе го има разгледано целиот, истакна министерот.

Поврзани новости