Нуланд се сретна со Ахмети, следуваат другите средби, оптимизам за решение на кризата нема!

by Фокус

Американскиот дипломат Викторија Нуланд денеска е во Скопје. Таа ќе има средби со лидерите на најзначајните политички партии, Заев, Груевски, Тачи и Ахмети.

По средбата со Ахмети ДУИ преку соопштение информираа дека на средбата претседателот на партијата Али Ахмети со нив зборувал и за евроатлантската перспектива на Македонија, спорот со името, како и проблемот на земјата и регионот со борците кои оттука одат во борбите за ИСИС во Сирија и Ирак.

Политичката криза секако е во фокусот во разговорите. Се очекува Нуланд да поддржи решение кое ќе биде претставено од еврокомесарот Хан веќе утре.

Таа од Дубровник порача дека по решението на политичката криза Македонија треба да се фокусир на решение на спорот за името со Грција.

Сепак, аналитичарите не се преголеми оптимисти. Сметаат дека јазот меѓу двете партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ  е преголем за да биде надминат во следните неколку денови.

 

Поврзани новости