440
Американскиот државен потсекретар задолжена за Европа, Викторија Нуланд, изјави дека спорот за името трае предолго и затоа итно мора да се најде решение со кое Македонија ќе може да стане членка на НАТО и на ЕУ, што, според неа, би било добро и за Грција.
– Се надеваме дека ќе можеме да се вратиме на дискусијата со грчката Влада и да се обидеме да го решиме долгогодишниот спор, поради кој е невозможно Македонија да биде примена во ЕУ и во НАТО. Продолжуваме да се надеваме дека ќе се дојде до добро решение, бидејќи надминување на овој јаз за членство не е само во интерес за стабилноста на Македонија и на Балканот, туку е во интерес и на самата Грција. Се надеваме и со нив ќе имаме дискусија – рече Нуланд.