Нуланд: Ќе се прави нов нацрт договор за избори

by fokus

По средбите со четирите политички партии помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд најави нов нацрт договор за организација и спроведување на предвремени парламентарни избори.

Нуланд е оптимист и смета дека наскоро ќе има договор меѓу партиите, доколку за тоа има политичка волја.

–  Се обидовме да ја надминеме политичката криза од минатата година. Има некаков прогрес, но сега е време за завршување на работата, порача Нуланд на прес конференцијата во Американската амбасада во Скопје по средбите со претставниците на политичките партии.

Нуланд потенцира дека за спроведување на договорот од Пржино неопходно е слободно функционирање на Специјалното јавно обвинителство, за кое порача дека има витална улога во создавањето на чист и правен систем.

 

Поврзани новости