„Њујорк тајмс“: Клинтонови ја поддржаа Харис за нивната ќерка да стане амбасадорка во Британија!

by Fokus

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари ја поддржаа кандидатурата на американскиот потпретседател Камала Харис на претстојните избори за нивната ќерка Челзи да стане амбасадор во Велика Британија, објави денеска „Њујорк пост“, повикувајќи се на свои извори.

„Челзи Клинтон навистина сака да биде амбасадор во Велика Британија. Причината зошто Бил и Хилари во првите пет минути (откако американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка) го поддржаа учеството на Камала на претседателските избори е затоа што и ласкаат неа поради Челзи“, пишува весникот.

Според соговорниците на медиумот, Челзи не би одбила да ја извршува функцијата амбасадор ниту во Франција.

Друг извор за гореспоменатиот портал изјавил дека четириесет и четиригодишната Челзи е „сè уште премлада“ за да биде амбасадор во Велика Британија.

Парот Клинтон на 21 јули објави дека ја поддржува Камала Харис како демократски претседателски кандидат на изборите.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.

Поврзани новости