Њујорк Тајмс: Израел знаел повеќе од една година дека Хамас планира напад

by Fokus

Израелското воено разузнавање дошло до документ од палестинското исламистичко движење Хамас од околу 40 страници, во кој детално се опишува голем напад како оној што го извршија екстремистите на 7 октомври во Израел, објави американскиот дневен весник Њујорк Тајмс.

Во овој документ, кој циркулираше во разузнавачките кругови под кодното име „Ѕидот на Ерихон“, не беше наведен датумот на можниот напад, но беа прецизирани точките поврзани со израелскиот безбедносен систем и нападите врз градовите и воените бази.

Во документот се наведени планови за ракетен напад, беспилотни летала кои ги уништуваат безбедносните камери и одбранбените системи и борците кои преминуваат на израелската страна со параглајдери, автомобили и пеш.

Сепак, „не можеше да се утврди“ дали планот бил одобрен од раководството на Хамас и што тој би можел да значи во реалноста, според внатрешен израелски воен документ што го видел „Њујорк тајмс“.

Поврзани новости