Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс е поднесено обвинение во рамки на федералната истрага за корупција, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Обвинението останува запечатено и засега не е познато за кое дело е обвинет Адамс, но познато е дека истрагата делумно се занимава со наводите дека Адамс и неговиот тим од кампањата наводно добивале нелегални донации од турската влада.
Кога ќе биде објавено обвинението, тоа ќе биде првпат да се покрене обвинение против градоначалник на Њујорк додека тој се уште е на функцијата. Адамс синоќа изјави дека не направил ништо лошо, додавајќи дека доколку против него биде покренато обвинение, ќе се бори „со сета своја сила и дух“.
– Отсекогаш знаев дека ако застанам во одбрана на њујорчани, ќе станам мета, и така беше – рекол Адамс.
„Њујорк тајмс“ наведува дека биле спроведени посебни истраги против одредени соработници на Адамс, кои вклучиле претреси и заплени внатре во градското собрание на Њујорк.
Повиците за оставка на Адамс се зголемија во изминатите неколку недели, при што демократската сенаторка од Њујорк Александрија Окасио-Кортез изјави дека „не гледа како Адамс може да продолжи да ја врши својата работа“.
Њујоршкиот весник наведува дека обвинението, доколку се подигне, ќе претставува голем пресврт за Адамс, поранешен државен сенатор и градоначалник на Бруклин, кој ја презеде функцијата во екот на пандемијата и во екот на проблемите со зголемениот проток на мигранти во Њујорк.
Адамс е долгогодишен поборник за криптовалути и биткоин и вети дека ќе го направи Њујорк „центар на индустријата за криптовалути“ кога беше избран за градоначалник во 2021 година.