Њујорк отстранува споменик на Теодор Рузвелт

by Fokus

Американскиот природонаучен музеј Њујорк ќе ја отстрани од влезот статуата на Теодор Рузвелт, по забелешките што беа дадени низ годините заради симболизирање  колонијализам и расната дискриминација, објави градоначалникот Бил де Блазио.

Бронзената статуа која се наоѓа на западниот влез во Музејот во Централ Парк од 1940 година го прикажува Рузвелт на коњ, а до него стојат американски староселедец и Африканец.

Рузвелт е 26-от американски претседател.

– Музејот бараше отстранување на статуата, бидејќи таа експлицитно го покажува обоеното и домородното население како потчинето и расно инфериорно, објасни Де Блазио. Тој додаде дека Њујорк го поддржува барањето на музејот и дека е „правилна одлуката и вистинско време да се отстрани проблематичната статуа“.

Поврзани новости