Американската сојузна држава Њујорк сега има повеќе заразени со коронавирус од која било земја на светот, не вклучувајќи ги САД, пренесува Би-Би-Си.
Во Њујорк досега се потврдени 159.937 случаи на зараза, со што ги надмина Шпанија и Италија, но значително помал број на починати – 7.000. Кина, од каде што вирусот се прошири низ цел свет, досега има пријавено 82.000 заразени.
Работниците кои носат заштитни одела се забележани како закопуваат ковчези во масовна гробница на островот Харт во Њујорк, бидејќи бројот на погребувања се зголеми за четири пати среде пандемијата на корона вирус.
Според информацијата градот го користи островот Харт за да ги погреба њујорчаните без познати роднини или чие семејство не е во можност да организира погреб уште од 19. век.
До сега, официјалните лица молчат на прашањата околу тоа дали жртвите на корона вирусот биле закопани на островот Харт.
Според новата политика, телата се задржуваат во мртовечници само 14 дена пред да бидат погребани во полето на островот Харт.
Името на починатиот е врежано со големи букви на секој ковчег, што помага доколку некое тело треба подоцна да биде ексхумирано. Ковчезите се закопани во долги тесни ровови ископани со машини за копање.