699
Новинарот Арменд Нухиу се вклучи во критиките на јавноста кон тоа како власта го третира охридскиот регион. Нихиу пишува дека случајот со дивоградбите во Охрид и опасноста езерото да се најде на листата на загрозено светско наследство, покажува всушност дека интересите на коалициските партнери се поважни од интересите на државата. Тој се надоврза и за кањонот Матка во кој луѓе на ДУИ држат диви платформи.
– Нефи Усеини, советник на ДУИ завчера отвори пицерија дивоградба во центарот на Охрид. УНЕСКО во февруари ќе го извади Охрид од неговата листа. И никому ништо. На Матка луѓе на ДУИ држат диви платформи, никому ништо. Да ти се плукнам во државата каде коалициски интереси се над законите – пишува Нухиу.