Нухиу: Јас и ДУИ не се чувствуваме виновни за одлуките што ги носи судството

by Fokus

Заменик министерот за правда од редовите на Демократската унија за интеграција, Агим Нухиу, поканет во „Пат кон“ на Алсат, вели дека тој и неговиот политички субјект Демократската унија за интеграција (ДУИ) не се чувствуваат виновни за одлуките на судот, вклучувајќи го и случајот Алфа. Според него, сите кадри на ДУИ во времето кога го воделе овој ресор направиле најдобро што можеле.

„Секако дека не можеме да се чувствуваме виновни за одлуките што ги носи судството, бидејќи имаме работа со засебни овластувања. Сакам да го истакнам тоа однапред за мислење, дека кадрите кои го водат Министерството за правда имаат свои ингеренции“, одговори Нухиу.

 

Поврзани новости