Нухиу ја откри смс комуникацијата со Чавков на 27 април

by fokus

Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу во своето сведочење за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието денеска пред судот истакна дека тој неколку пати се обидел да стапи во контакт со тогашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, но не му кревал слушалка.

-Тој ден бев службено во Куманово, а попладне се вратив дома во Слатино. Пред 18 часот на телефон ми се јави заменик директорот на БЈБ и ме праша дали следам што се случува во Собранието. Веднаш потоа му пуштив порака на Чавков и тоа во 17.58 часот со следнава содржина “Директоре дали ги следите дебатите во Собранието? Има ли можност да ескалира ситуацијата? Во 18.03 часот добив одговор “Нема можност, засега се е под контрола”. По една минута добив нова порака “Надвор нема проблеми”, му одговорил Чавков на Нухиу.

Тој додаде и дека кога видел дека ситуацијата ескалира правел обиди на телефон да го добие Чавков, но тој не му кревал слушалка.

-Не се сеќавам точно колку пати му звонев, но за жал немаше одговор. Поради тоа пак пуштив порака и тоа во 18.58 часот. “Директоре, нема доволно полицајци, сите влезови се блокирани”, но не добив одговор.

Нухиу, кој тогаш беше министер, истакна дека додека патувал од Слатино кон Скопје имал телефонски комуникации со други одговорни од оперативниот штаб.

-Во периодот од 18.00 до 19.30 часот имав девет телефонски комуникации со началникот на секторот за внатрешни работи, при што добив одговор дека се прават обиди и дека се превземаат соодветни мерки. Во меѓувреме имав телефонска комуникација и со началникот на специјалната единица и од него добив одговор дека се прават обиди да се ангажираат специјални единици, рече Нухиу.

Тој, како што рече, во 19.25 часот стигнал во оперативниот штаб каде што на дежурниот на штабот, Душко Лазаров, му рекол да даде наредба за евакуација.

-Тој излегуваше и комуницираше ама не знам со кого. Го прашував за планот на оперативниот штаб, но според моја лична оценка имаше резерва кога ги барав плановите и кога барав мерки за евакуација, сведочеше Нухиу.

Сведокот додаде дека во 20.00 часот вооперативниот штаб пристигнал Чавков.

-Го пашав дали видел што го прашав по порака, тој ми одговори “Што ако ме прашуваше”, се присети Нухиу, при што додаде дека Чавков бил агресивен, а потоа му се свртел и му рекол “Народ се случува”!

По 20 часот сведокот појасни дека немал забелешка на работата на оперативниот штаб.

 

Поврзани новости