493
Најмалку девет лица загинаа, а илјадници се раселени по обилните дождови што го погодија северниот италијански регион Емилија-Ромања, соопштија локалните власти.
Обилните врнежи предизвикаа излевање на 21 река, кои поплавија улици и куќи, а имало и прекини во железничкиот сообраќај.
„Најмалку 5.000 луѓе се евакуирани од областа“, рече министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи. Вкупниот број на градови погодени од поплавите е 36, додека одрони се забележани во 48 градови и села.
Властите ги предупредуваат жителите на погодените подрачја дека врнежите би можеле да траат уште 12 часа.