Во моментите кога власта се соочува со длабоко поткопан легитимитет, НСДП изразува крајна загриженост за начинот на кој Никола Груевски е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, со ниту една глас против, a без дебата и против кандитати, реагираат од НСДП.
„Таа само го рефлектира отсуството на внатрепартиска демократија во владеачка партија и авторитарниот стил во нејзиното раководење. Во 2003 година кога за првпат Груевски беше избран за лидер на партијата, македонската јавност беше сведок на една жестока внатрепартиска борба, дискусии, спротивставени мислења, па дури и имаше и против кандидат. Нешто, што на последниот Конгрес не можеше ниту да се замисли, а камоли да се случи. Ова зборува дека под раководство на Грувски, ВМРО-ДПМНЕ политички се уназадува, успевајќи да ја уништи внатрепарстиската демократија, борбата на различни мислења и ставови. Демократските вредности останува само дел од политичката историја на оваа десно ориентирана партија“, се вели во соопштението на НСДП.