„Пендрек! Пари! Пропаганда! Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и начинот на практикувањето на власта. Вака ВМРО-МВРО ја замислува слободата на медиумите и слободната новинарска мисла“ реагираат од Нова социјалдемократска партија по апсењето на новинарот Фуркан Салиу.
Тие додаваат дека на ист начин беше апсен и Љубе Бошковски ден по изборите во 2011 година, дека за искажан збор во затвор лежеше Томче Кежаровски, а беше затворена и А1 телевизија.
„ВМРО-ДПМНЕ ниту е реформиана кадровски, ниту е реформирана во политиките, тоа е партија на подземјето, на насилието, на уцените и заканите“ реагираат од НСДП.
Тие најостро го осудија апсењето на Салиу, новинар кој, како што додаваат, го откри планот за лажни вести и пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се потези на очајници кои не можат да го прелажат народот со лажни анкети и гол популизам“ велат од НСДП.