НСДП: Кога Груевски ќе падне ќе се урне целата вмровска „зграда“

by fokus

За НСДП нема никакви дилеми дека парламентарното мнозинство има јасна и недвосмислена уставна и деловничка можност да избере претседател на Собранието на Р. Македонија и да започне постапка за избор на нова, реформска Влада и тоа веднаш, без одложување.

„Заканите што доѓаат од очајните криминалци од поранешната владејачка партија, се најсилен доказ дека се страшно исплашени од она што неминовно им следи, а национализмот кој секојдневно го демонстрираат им остана последното прибежиште, како што доликува на вистински криминалец“, се вели во соопштението на НСДП.

ВМРО-ДПМНЕ е длабоко свесна дека откако Груевски ќе падне ќе се урне целата вмровска „зграда“. Неговата апсолутистичка власт ги покори сите државни институции – Претседател, Собрание и Влада, пишува НСДП.

„Како резултат на авторитарниот тип на владеење, фактичката состојба во државата и општеството драстично се влоши. Тоа е особено видливо во однос на демократските процеси, слободните медиуми, независноста на институциите и третманот на опозицијата, како непријатели кои треба да се ликвидираат. Бидејќи досегашната власт е длабоко криминализирана, нејзиното заминување е допoлнително отежнато. Поради лошата економска политика се зголеми општествената не еднаквост и се влоши материјалната положба на сите општествени слоеви, освен на најбогатите. Помалку образованите и необразованите се приврзале на власта бидејќи само преку владеaчката партија може да добијат нешто што со ништо не го заслужиле. Тие се оние кои Груевски ги употребува како своја публика и која секојдневно шетаат по улиците“, вели НСДП.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно повикува на меѓуетнички конфликт и војна. Главната причина за таквата состојба, вели партијата на Тито Петковски, се криминалот, злосторствата и недостаток на владеење на правото и изгубениот личен интегритет на носителите на јавни функции.

„Македонија дефинитивно стана земја во која не постојат ни суд ни обвинителство, ни полиција, ни закон, ни морал и полека и сигурно се движи кон целосно морално распаѓање и беззаконие. За Македонија од исклучителна важност е владеењето на правото и еднаквста на граѓаните, да стане точка од која мора да се тргне во промени и да се постават здрави темели на државата. Лажниот патротизам не е тема од национален интерес во овој момент“, се вели во партиската реакција.

 

Поврзани новости