НСДП бара наследник на Тито, Мисовски размислува

by fokus

Откако претседателот на НСДП, Тито Петковски најави дека ќе се повлече од лидерската позиција, партија се подготвува за избор на негов наследник.

Постапката за кандидирање и избор на делегати за Петтиот конгрес на НСДП е почната и треба да заврши на шестти мај.
До тогаш треба да се пријават и кандидати за претседател на НСДП и кандидати за членови на централниот и надзорниот одбор на НСДП од страна на изборните конференции на општинските организации.

Постапката за кандидирање за претседател на НСДП е со евидентирање на предлог кандидати во општинските организации и со самокандидирање.

Листите за можни кандидати од страна на општинските организации се доставуваат до извршниот одбор на НСДП, а извршниот одбор на НСДП предлага листа на кандидати за претедател на НСДП до централниот одбор. Централниот одбор ги утврдува предлог листите за претседател на НСДП и ги предлага на конгресот.

Еден од најсериозните кандидати за наследник на Тито Петковски е актуелниот потпретседателот на Собранието и потпретседател на НСДП, Горан Мисовски.

Тој за „Фокус“ вели дека сепак ќе почека до крај на рокот за да одлучи дали ќе се кандидира за претседател на партијата.

Иако имам огромна поддршка кај членството и во раководствата на општинските организации, сепак ќе причекам да заврши процедурата и откако ќе ги сумирам предлозите ќе одлучам дали ќе се кандидирам за претседател на НСДП, вели Мисовски.

Според Статутот на партијата, кандидати за претседател на НСДП можат да бидат лица кои:

-Се најмалку пет години членови на НСДП;
-Уживаат јавен и професионален углед и афторитет
-Ја имаат довербата на членството на НСДП;
-За пошироката јавност се препознатливи како луѓе кои дале позитивен придонес во
афирмацијата и реализацијата на политиката на НСДП;
-Со својата досегашна работа да имаат покажано евидентни позитивни резултати
препознатливи за пошироката јавност;

К.С.Б.

Поврзани новости