НП: Што чекаше СОНК до сега и зошто не се побуни порано за петте години кои ги претворија наставниците во главна маса за партиски митинзи?

by fokus

Наставниците од Наставничкиот пленум го повикуваат Министерството за образование да го изземе образованието од членот 46 од Законот за работни односи, според кој потребни се пет години работа во едно училиште, или институција и установа, за работниот однос да се трансформира од определено на неопределено време.

Како што велат од Наставнички пленум, деновиве СОНК презема активности за враќање на работа на колегите на коишто не им беа породолжени договорите на определено време. Но, прашуваат, што чекаше синдикатот до сега?

„Жалиме за состојбата во која се најдоа колегите, но недостатокот е системски, трае подолго време, а СОНК беше главен учесник во неговото создавање. Доколку СОНК имаше искрени намери кон истите колеги зошто не презеде дејства тие да не дојдат во незавидна ситуација? Ги повикуваме наставниците да покажат дека не потпаѓаат под евтината глума на синдикализам на СОНК“, порачуваат од таму.

Министерството, додаваат, ќе покаже вистинска волја за департизациај на образованието доколку го изземе образованието од членот 46.

„Најстарите колеги меѓу нас се сеќаваат на времето кога решение за работен однос на неопределено време добивале од првиот ден на работа, има такви кои трансформација на работниот однос од определено во неопределно направиле после 3 или 4 години, а веќе подолго време за таа трансформација потребни се 5 години. Секој што чекал 5 и повеќе години за трансформација на работниот однос знае дека тие се пеколни 5 години на чекање, незвесност и трчање по врски на систе страни. Тие 5 години го партизираа образованието, наставниците ги претворија во експерти за врски и главна маса на партиските митинзи. Од своето постоење СОНК никогаш не се побунил против тие пеколни 5 години“, велат од таму.

Поврзани новости