490
Жена вработена во фабрика во Битола е новиот дијагностициран случај позитивен на КОВИД-19 во Битола. Не се разболела на работното место, туку во семејството.
„Станува збор за жена вработена во фабрика во Битола, која не се заразила на своето работно место, туку преку својот сопруг кој е претходно дијагностициран позитивен на вирусот. Сите нејзини контакти се комуницирани и ќе бидат ставени во изолација“, соопштија од министерството за здравство.